Фатон Сељами избран за Народен правобранител

Собранието денеска во рамки на 65-та седница го избра Фатон Сељами за нов Народен правобранител.

Собранието денеска во рамките на 65. седница го избра Фатон Сељами за нов народен правобранител.

За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците што припаѓаат на заедници што не се мнозинство, 28 беа „за“, осум „против“.

Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки, со положен правосуден и нотарски испит.

Мандатот на Насер Зибери, претходник на Сељами, истече на 12 јули минатата година бидејќи на тој ден исполнил услови за пензионирање.

Спикерот Гаши на 12-ти овој месец информира дека на координацијата ги повикал координаторите на пратеничките групи да се усогласат за изборот на народниот правобранител и да се најде решение и изрази надеж дека тоа ќе се случи бргу.

– Ги повикав координаторите на пратеничките групи да се усогласат со народниот правобранител ако можеме да најдеме решение. Немаше некоја забелешка за тоа. Никој не беше против, само ќе треба да се разговара во меѓувреме. Се надевам дека набргу ќе дојдеме до решение – рече тој.

Според него, за ова прашање потребни се политички разговори на ниво на координаторите на пратеничките групи.

Народниот правобранител како институција е надлежен за заштитата на слободата и правата на граѓаните, а претставува и механизам за надзор и следење на законитото работење на институциите од јавниот сектор.