Фатмир Скендер – судијата од скопскиот Апелациски суд е првиот утврден предлог на собраниската Комисија за избори и именувања за нов судија во Уставниот суд.
Тој е предложен од владејачката коалиција, а дел од пратениците од опозицијата имаа забелешки откако не помина предлогот кандидатите за уставни судии лично да се претстават пред Комисијата.
Утре е предвидено Комисијата да утврди уште двајца канидати за уставни судии.
Партијата Левица поднесе нов предлог-закон за уставни судии со кој се предвидува за уставни судии да бидат избрани лица кои не вршеле политичка функција 7 години пред изборот.
Во Уставниот суд недостасуваат четворица судии, а во Собранието по една година продолжи постапката за избор на три испразнети места.
Освен Скендер, меѓу предлозите на коалицијата на власт е и актуелниот државен обвинител Љубомир Јовески, а меѓу останатите кандидати опозицијата ги предлага професорите Саво Климовски и Родна Живковска.