Фатен Турчин што удри во контејнери и возило во Аеродром и избега

Фатен турскиот државјанин кој синоќа удри во контејнери и возило во скопската општина Аеродром и избега од местото, поднесена пријава.

Фатен турскиот државјанин кој синоќа удри во контејнери и возило во скопската општина Аеродром и избега од местото, поднесена пријава.
На 08.11.2025 во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило „бмв 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р. Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило „алфа ромео“ со демиркаписки регистарски ознаки.
М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен. Против него е поднесена прекршочна пријава по член 33 ( недозволена брзина), член 215 (напуштање на лице место) и член 228. (возење под дејство на алкохол-0,97 промили) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и тој е изнесен пред судија за прекршоци.