Фатен е крадецот на компјутерите од „Донирај компјутер“

Откако пред неколку дена објави дека крадец влегол во просториите на „Донирај компјутер“ Борче Стаменов на својот ФБ профил ја информира јавноста дека сторителот е фатен.

Кражбата се случи пред неколку дена во канцеларијата во Кавадарци, по што се бараше помош од граѓаните во идентификување на лицето кое ја изврши кражбата.

До околните објекти кои имаат поставено видеонадзор беше побарано доколку го имаат документирано случајот или сномено сторителот сномките да ги достават до МВР и да помогнат во негово пронаоѓање.

Грабежот беше извршен во просториите на хуманитарната иницијатива, а од таму беа одземени лаптопи наменети за социјално ранливи категории.