Фарсата во Собрание може да ви помине, но промена на Уставот НЕ – порачува Мицкоски

„Информацијата и фарсата во Собрание може да ви помине, но промена на Уставот НЕ“.

Ова денеска рано наутро го објави на социјалните мрежи, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.

Тој и денеска ги повика граѓаните да се придружат на протестот кој се организира десетти ден, против францускиот предлог.

„Вечер во 19 часот пред Влада, преку МНР до Собрание! Ултиматум, НЕ благодарам“ – пишува се Мицкоски на Фејсбук.