У19: Македонските фудбалери ќе одиграат два дуели со Албанија во Корча

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија.

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија.

Контролните средби ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Корча.

Првиот дуел е закажан за 21. март со почеток во 15. Часот, а два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка, која ќе започне во 12. часот.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години, Ерхан Селими за претстојните натпревари со Албанија, повика 23 фудбалери, меѓу кои осуммина настапуваа во сранство.