УЈП утврди пад од 46 отсто на вчерашниот промет во 8 синџири на маркети
Споредбената анализа на Управата за јавни приходи на податоците за прометот во осум поголеми синџири на маркети во Македонија покажа дека вчера во однос на петокот пред една недела, забележан е пад на вкупниот промет за 46,59 отсто.
Споредбената анализа на Управата за јавни приходи на податоците за прометот во осум поголеми синџири на маркети во Македонија покажа дека вчера во однос на петокот пред една недела, забележан е пад на вкупниот промет за 46,59 отсто. Вчера, во однос на завчера, пак, според УЈП, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46,29 проценти.
Анализата е направена според податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS) за деновите 24, 30 и 31 јануари. Во петок, 31 јануари, до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114.293.367 денари. На 30 јануари таа бројка беше 212.782.151 денар. Во петокот на 24 јануари вкупниот промет бил 213.985.705 денари.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, еден ден по бојкотот изјави дека инспекторите се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави детална анализа, при што, според првичните сознанија, она за што биле загрижени во однос на цените е всушност реалност.
-Да излегоа на терен сите институции, повеќе информации би имал од понеделник, но можам да кажам дека се наоѓаме буквално во сите поголеми супермаркети и се прави детална анализа. Повеќе информации ќе можам да споделам со јавноста од понеделник.
Но, можам да кажам дека делот од она што бевме загрижени, односно нашите стравувања стануваат вистина и реалност, така што делуваме и ќе продолжиме да делуваме. Како Влада имаме обврска да го штитиме стандардот на граѓаните – изјави Мицкоски.