УЈП: Секоја четврта контрола покажува дека не се издаваат фискални сметки

Секоја четврта контрола покажува дека не се издаваат фискални сметки, велат од Управата за јавни приходи.

Секоја четврта контрола покажува дека не се издаваат фискални сметки, велат од Управата за јавни приходи.

По околу 4000 контроли кои ги направиле, како што информираат, изречени се над 2.500 казни, а на 113 даночни обврзници им е изречена забрана за вршење дејност.

„Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на готовинскиот промет“, велат од УЈП.
За време на инспекциите било утврдено и неуплаќање на дневниот промет во банка, како и неводење книга на дневни финансиски извештаи.