УЈП и синдикатот на чекор до решавање на проблемот со платите
Конечно, на чекор од решение се наоѓаат УЈП и синдикатот. По три недели штрајк УЈП и синдикатот седнаа на маса, оптимисти се решавање на проблемот со платите.
И двете страни се оптимисти дека во законскиот рок за помирување кој би траел околу две недели ќе се изнајде решение за покачувањето на платите кои вработените ги бараат според колективниот договор. Недановски очекува помирувачот да си ја заврши работата и вработените да го добијат она што им следува, во спротивно вели ќе следува генерален штрајк, а од тоа најмногу штета ќе има врз граѓаните и државата…
-Убеден сум дека помирувачот доследно ќе ја заврши работата и во роковите предвидени со закон со наше прифаќање на ставовите, одлуките и понудените решенија и ќе се постигне момент со кој ќе се остварат заложби. Секоја одлука надвор од посочената рамка ќе претставува автоматски отпочнување со генерален штрајк.- Васе Неданоски – Синдикат при УЈП
Доколку не се изнајде решение постои опаснот цела држава да остане без плати, бидејќи платата на секој граѓанин мора да помине низ системот на УЈП. Директорката Лукаревска вели дека очекува средбите да поминат позитивно без проблеми и да се изнајде соодветно решение…
-Не би сакале да влеземе во состојба на генерален штрајк, мислам дека направивме напори максимални, во дел и на разговори и во дел на ова што значи целосна процедура на демократски и транспарентен начин, така да не ни сакам да помислам дека ќе стигнеме до таа фаза и дека ќе имаме неуспех во овој процес…
Како медијатор во постапката е назначен Илија Манасиев кој посочи дека според моменталнот расположение на двете страни не очекува некакви потешкотии. Дополнително побара политичарите да се воздржат од коментари за процесот, бидејќи на тој начин само би го отежнале.
-Доколку се заврши овој процес со успешен крај ќе се потпише спогодба која ќе биде дел од новиот колективен договор. Заложбата на двете страни да се потпише нов колективен договор е исто така за поздравување, затоа што колективен договор од 2015 во управата се нема склучено.
Помирувачот дополнително побара да прекине двочасовниот штрајк на вработените за процесот да се одвива полесно, за што Неданоски посочи дека се размислува за таа можност, но во моментов вели нема никаква одлука… Вработените во моментов бараат платите да им се покачат за 30%, бидејќи така наложувал колективниот договор…