УЈП ги проверува инспекторите кои ги предупредувале газдите на „Пулс“ за можни контроли во замена за подароци

➡ УЈП презема мерки по наводите дека нивни инспектори ги предупредувале газдите на дискотеката Пулс во Кочани за можните контроли во замена за подароци, велат оттаму за Телма. Ова следи по сторијата на ИРЛ во која беше објавена комуникација обезбедена од свиркач на инспектори со синот на газдата на дискотеката Дејан Јованов Деко. Инаку, според сторијата, еден од нив е брат на в.д претседателката на скопскиот Кривичен суд Даниела Димовска, каде ќе се суди случајот.

УЈП презема мерки по наводите дека нивни инспектори ги предупредувале газдите на дискотеката Пулс во Кочани за можните контроли во замена за подароци, велат оттаму за Телма. Ова следи по сторијата на ИРЛ во која беше објавена комуникација обезбедена од свиркач на инспектори со синот на газдата на дискотеката Дејан Јованов Деко. Инаку, според сторијата, еден од нив е брат на в.д претседателката на скопскиот Кривичен суд Даниела Димовска, каде ќе се суди случајот.

„Во врска со информациите објавени во медиумите, Управата за јавни приходи информира дека се преземаат соодветни активности за обезбедување на релевантни докази поврзани со објавените наводи, вклучително и можната инволвираност на споменатите даночни службеници во други слични дејствија. Истовремено, во рамките на своите законски надлежности, Управата за јавни приходи превзема мерки насочени кон овие службени лица со цел да се спречи какво било можно штетно влијание врз Управата за јавни приходи“, велат од УЈП.

Оттаму додаваат и дека УЈП ќе соработува и делува усогласено со сите надлежни институции, со цел целосно и објективно решавање на случајот и заштита на интегритетот на институцијата.

Братот на судијката што го води случајот „Пулс“ добивал мито од газдата, а го нема во обвинетите