Уште тројца уапсени инволвирани во терористичкиот напад во Москва

Безбедносните сили приведоа во Москва, Екатеринбург и Омск уште тројца имигранти од Централна Азија кои учествуваа во терористичкиот напад во Градското собрание Крокус, соопшти Централниот оперативен центар на ФСБ на Руската Федерација.

– Федералната служба за безбедност на Руската Федерација во градовите Москва, Екатеринбург, Омск приведе еден руски државјанин и двајца странски државјани – имигранти од централноазискиот регион, кои беа вмешани во терористички напад, извршен на 22 март 2024 година во Комплексот Crocus City Hall, се наведува во соопштението.

ФСБ успеа да утврди дека „двајцата уапсени префрлале пари за набавка на огнено оружје и возила за терористички напад“. Третиот регрутирал соучесници во терористичкиот напад и ги финансирал неговите извршители.

Според последните информации, бројот на загинатите во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ изнесува 144 лица, од кои шест се деца, а 551 лице се повредени. Во нападот осум деца ги загубија двајцата родители, а старателството над нив го преземаат роднините.

Четворицата терористи, кои крвавиот празник го извршија за само 18 минути, беа пресретнати во областа Брјанск, на помалку од 100 километри од руско-украинската граница, додека со бело Рено се обидуваа да побегнат во Украина.

Од нивните изјави произлегува дека нападот бил извршен за пари, но засега не може да се направи јасна слика кои биле нивните мотиви за нападот и кои се извршителите на еден од најкрвавите терористички напади во историја на Русија.

Московскиот суд им одреди притвор до 22 мај. Тие беа обвинети за тероризам и ја признаа вината, а за тоа дело им се заканува доживотен затвор.

Украина е единствената земја која не го осуди терористичкиот напад во „Crocus City Hall“, а експертите оценуваат дека тоа ја покажува криминалната природа на актуелниот режим во Киев.