
Уште три земји ја признаа Палестина
Премиерите на Луксембург, Малта и Монако официјално ја признаа палестинската држава вчера на Генералното собрание на Обединетите нации.
Премиерите на Луксембург, Малта и Монако официјално ја признаа палестинската држава вчера на Генералното собрание на Обединетите нации.
„Ова е почеток на обновена посветеност на надежта, дипломатијата, дијалогот, коегзистенцијата и решението за две држави. На идејата, кревка, но сепак можна, дека мирот може да преовлада“, рече премиерот на Луксембург, Лук Фриден, на Генералното собрание на ОН.
Тој додаде дека има „моменти во историјата кога целта за мир бара и морална јасност и политичка храброст“ и нагласи дека одлуката „не е насочена против Израел или неговиот народ“.