Уште едно убиство на трансродова жена на Балканот

Безживотно тело на трансродово лице е пронајдено вчера во стан во центарот на Атина. Телото го пронашла сопственичката, која дошла да ја подигне киријата од станарката, загрижена дека со денови не можела да стапи во контакт со неа.

Таа влегла во станот користејќи го резервниот клуч и наишла на страшна глетка.

Таа лежела во локва крв, со многубројни убоди по телото.

Истрагата утврдила дека се работи за државјанка на Куба (46), која пред четири години дошла да живее во Грција, а на сите им се претставувал како Иванка. Се претпоставува дека смртните повреди на Иванка ѝ биле нанесени со нож, а телото е однесено на обдукција.

Ана Курупу од организацијата „Ред амбрела“ напиша дека ова е уште едно убиство на трансродова личност во серија.

„Тоа е долг список. Не знам кој е мотивот, сè уште не знам никакви околности за оваа трагедија. Сепак, убедена сум дека ова чудовиште, кое живее меѓу нас, ни ги остава животите во темнина со малку труд. Жртвата како Иванка е толку незаштитена“, напиша Ана.

Ана објаснила дека Иванка во Атина дошла од Куба пред четири години.

„Ја бркаа и богови и демони. Имаше тежок живот. Некаде слушна за нашето друштво и дојде кај нас. Беше толку слатка, иако многу страдаше во животот. Таа рече дека сака да танцува. Ја однесов кај пријателка во кафеана и таа работа ѝ стана живот. Таа блескаше“, напиша Ана, пренесува „Телеграф“.