Русија: Уште еден функционер на Министерството за одбрана е уапсен под сомнение за измама

Руски канали на апликацијата Телеграм кои известуваат за војната во Украина, објавија дека е уапсен Владимир Вертелецки, функционер во Министерството за одбрана, одговорен за владините набавки во областа на одбраната.

Според информациите на неколку воени блогери, Вертелецки е осомничен за измама од големи размери. Сè уште нема официјален коментар за ова прашање, јавија западни медиуми.

Претходно денеска, заменик-началникот на Генералштабот, генерал-полковник Вадим Шамарин, стана четвртиот висок функционер на одбраната уапсен во изминатиот месец под сомнение за примање поткуп.

Кремљ соопшти дека апсењето на Шамарин е дел од тековната работа за справување со корупцијата.