Училишен автобус удрил во толпа ученици и родители кои стоеле пред училишната капија во кинескиот град Таиан во провинцијата Шандонг.
Би-би-си јавува дека најмалку 11 лица загинале, меѓу кои 5 деца.
Се наведува дека неколку лица се повредени, меѓу кои и еден кој е во критична состојба.
Кинеските медиуми објавија дека возачот на автобусот „изгубил контрола“ над возилото и по несреќата бил приведен од полицијата.
Британскиот медиумски сервис наведува дека не е јасно дали несреќата е предизвикана намерно.
– Досега починаа вкупно 11 лица (шест родители и пет деца) – објавија кинеските медиуми.
Соопштено е дека 12 повредени лица се во стабилна состојба.
На видеата од местото на несреќата кои се шират на социјалните мрежи се гледаат лица кои останале заробени под автобусот.
Во Кина пред неколку дена започна новата учебна година.