За време на матурската вечера на која присуствуваа околу 500 ученици, двајца млади се качија на покривот на хотелот и паднаа од околу 8 метри височина.
Загина 17-годишно девојче, а повредено е 16-годишно момче.
Портпаролот на полицијата за rbb24.de потврдил дека девојчето и младиот човек се качиле на покривот на хотелот Естрел и дека и двајцата паднале низ куполата. Девојчето било реанимирано на лице место. Двајцата биле брзо пренесени во болница, каде што починала.
Наводно, 16-годишникот паднал во ѓубре, што го ублажило неговиот пад и преживеал.
Се уште не е јасно како точно дошло до падот.
Поради шок лекарска помош побарале шест ученици.