Денес е последниот училишен ден за околу 255 илјади основци и средношколци .
И покрај ковид и предизвидици кои пандемијата ги донесе со себе, но и штрајкот на СОНК годината завршува редовно.
Почнувајќи од утре, 10 јуни, до 15 јуни ќе трае електронското аплицирање за запишување во средните училишта. Новата дигитална услуга која ја воведува Министерството за образование и наука од оваа година, на учениците ќе им заштеди време и ќе бидат избегнати турканици пред училиштата.
Учениците за упис во прва година средно образование првпат ќе се пријавуваат преку линк до порталот за електронски услуги на МОН https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава на нивните кориснички сметки на schools.mk.
За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен утре во 10 часот и учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) до 15 часот на 15 јуни. Системот потоа ќе биде затворен за онлајн-аплицирање.
Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16 јуни на веб-страницата на МОН (www.mon.gov.mk) и на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата ќе биде на 16 јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 19 часот, согласно распоред што ќе го подготви секое училиште.