Ученик во основно училиште во Загреб со нож ранил наставничка и неколку деца
Ученик од основно училиште во Загреб утрово со нож повредил наставничка и неколку деца, јавија хрватските медиуми.
Ученик од основно училиште во Загреб утрово со нож повредил наставничка и неколку деца, јавија хрватските медиуми.
Инцидентот се случил во ОУ „Пречко“ во Загреб.
„Денеска, 20 декември, околу 9:50 часот, млад човек со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во образовна институција во Загреб. Напаѓачот е под полициски надзор, а на повредените им е укажана лекарска помош“, соопшти полицијата.
Според Вечерњи лист, повредени се седум луѓе меѓу кои пет се деца.
Полицијата е на терен како и неколку амбулантни возила, јавија загрепските медиуми.
Медиумите снимија како во дворот на училиштето слетува хеликоптер на итната медицинска помош.
Во Хрватска денеска е крај на првото полугодие во училиштата.