
Силен дожд, ветер и грмотевици попладнево го зафатија Скопје и скопската котлина.
Токму тука наврна најмногу дожд, а ова е најновата информација од Управата за хидрометеоролошки работи.
Врнежи ќе има и во текот на ноќта, но не со толкав интензитет.
До изутрина ситуацијата со врнежите ќе се стабилизира.