Зголемена фреквенција на возила утрово има на два гранични премини во државата, констатира АМСМ во најновиот извештај.
Според информациите во него, за излез од државата на „Богородица“ кон Грција и за влез на „Табановце“ од Србија се чека по околу половина час.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП ’Табановце‘ за влез и ГП ’Богородица‘ за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“, велат од АМСМ.
На државните патишта, пак, по вчерашното невреме во дело од земјава сообраќајот се одвива непречено и по суви коловози.