Утре седница на Советот за безбедност на ОН по рускиот напад на Киев

Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе заседава, на барање на Велика Британија, Франција, Еквадор, Словенија и САД, поради нападот на руската армија врз Киев во кој загинаа 36 лица, а беше оштетена главната детска болница, објави Ројтерс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска најави дека Украина ќе побара седница на Советот за безбедност на ОН, додавајќи дека Киев очекува конкретни чекори од западните партнери за зајакнување на неговата воздушна одбрана и заштита на енергетскиот сектор за време на самитот на НАТО оваа недела.

Се очекува Зеленски да замине на самитот во Вашингтон во текот на денот, по завршувањето на посетата на Полска.