Утре протест на косовските Срби во Штрпце

Косовските Срби ги отстранија барикадите поставени во селото Готовушa во Штрпце.Тие беа поставени во знак на протест за ранувањето на две српски момчиња.

Блокадата е отстранета откако било договорено полицијата повторно да постави контролни пунктови на влезот во Штрпце.

Инцидентот се случи вчера кога 33-годишен припадник на косовските безбедносни служби од возило во движење отворил оган и ранил 11-годишно дете и 21-годишно момче, кои се во стабилна здравствена состојба. Напаѓачот беше брзо уапсен, а косовските власти и европската унија го осудија нападот.

Српските медиуми објавија дека утринава билo претепано и 18-годишно момче од група косовски Албанци додека тоa се враќалo од божикна литургија во местото Клокот. За утре во Штрпце е најавен протест поради последните инциденти.