Утре конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: И по Мицкоски – Мицкоски!
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ утре го организира седумнаесеттиот конгрес на кој ќе се бира претседател на партијата.
Во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје конгресот ќе започне во 10 часот со регистрација на гостите, на делегатите и претставниците на медиумите.
Отворениот дел за јавноста, според информациите од партиите ќе трае до 13 часот, по што ќе следи затворениот дел од Конгресот.
Во рамки на затворениот дел од Конгресот е и гласањето и избор на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Единствен кандидат за претседател на партијата е актуелниот лидер, Христијан Мицкоски кој ќе очекува нов мандат од делегатите.
Во 17:30 часот е предвидено да има обраќање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.