Утре изменет сообраќаен режим во Скопје

Mинистерството за внатрешни работи соопшти дека утре во Скопје ќе има изменет сообраќаен режим поради настан за одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи.

„Почнувајќи од 08.30 часот пред Музеј на град Скопје на ул. Св. Кирил и Методиј ќе се одржи настан за одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи, по што учесниците ќе се движат од Музеј на град Скопје по ул. Св. Кирил и Методиј, бул. Кочо Рацин, ул. 11-ти Октомври, ул. Крушевска република до Тутунски комбинат Скопје“, соопшти МВР.

„Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, стои во соопштението.