Собранието, вечерва, по целодневна расправа, го изгласа дневниот ред на 115. седница на која во претпладневниот дел, беше утврдена потребата за носење на предлог-измените на пет закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д по скратена постапка, со европско знаменце.
Предлозите за изменување и дополнување на дневниот ред кои се однесуваа на изградбата на коридорите 8 и 10д на опозицијата не беа изгласани. Дел од пратениците, при утврдувањето на дневниот ред, пак, побараа одредени точки да се поместат погоре на дневниот ред, бидејќи, според нив, истите се од суштинска важност.