
Даштевски, Габер и Менкиноски меѓу кандидатите за судија во Стразбур
На листата на кандидати кои ќе бидат поканети на интервју се: Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер, Јордан Апостолски, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова и Ана Дангова Хуг.
Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, денеска, во полн состав во Уставниот суд ја одржа втората седница.
Комисијата со која претседава претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски изврши административна проверка на апликациите во однос на критериумите за пријавување и по проверката, врз основа на фактичката состојба ја утврди листата на апликанти кои ќе бидат поканети на интервју.
На листата на кандидати кои ќе бидат поканети на интервју се: Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер, Јордан Апостолски, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова и Ана Дангова Хуг.
До Комисијата биле пристигнати апликациите на 20-те апликанти: Велимир Деловски , Соња Петрушева, Оља Ристова, Александар Гоџо , Тони Менкиноски, Валентин Пепељугоски, Ѓоко Живковски, Андреј Димовски, Наташа Габер, Јордан Апостолски, Лидија Неделкова, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова, Едита Наскова, Александар Лазов и Ана Дангова Хуг.
Комисијата изразува задоволство од искажаниот интерес и од бројот на апликации и во однос на квалитетот на апликантите. Кандидатите кои се избрани ќе бидат интервјуирани во Уставниот суд на 20 октомври 2025 година. За точниот термин за интервју ќе бидат известени преку Министерството за надворешни работи.