Уставниот суд ќе се отвори за граѓаните, секој може да закаже средба со Костадиновски

По повод одбележувањето на 62 години од започнувањето со работа, Уставниот суд ги повикува граѓаните на редовни средби со претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски. Институцијата првпат започна со работа на 15 февруари 1964 година, поставувајќи ги темелите на уставно-судската заштита во државата.

Од Судот информираат дека средбите ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот и ќе бидат отворени за сите заинтересирани граѓани. Целта е работата на Уставниот суд да се доближи до јавноста, да се подигне свеста за уставно загарантираните права и слободи, како и да се објасни постапката за правилно поднесување иницијативи и поднесоци до Судот.

Според најавите, граѓаните ќе имаат можност одблизу да се запознаат со надлежностите на Уставниот суд, со постапките што ги спроведува, како и со значењето на неговите одлуки во системот на заштита на правата и слободите.

Заинтересираните можат да се пријават по електронски пат на адресата gragani@ustavensud.mk, а дополнителни информации се достапни и на телефонскиот број +389 2 322 3626.

Од Уставниот суд потенцираат дека иницијативата претставува можност за директен контакт со претседателот на институцијата и чекор кон поголема транспарентност и доверба во уставно-судската заштита. објави Скопје1.мк