Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на пресконференција по денешната седница на Уставниот суд соопшти дека судот едногласно одлучил да не поведе постапка по инцијативата за Преспанскиот договор.
-Уставниот суд денес едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за ратификација на конечната спогодба за решавање на разликите во резулуциите 817 1993 и 848 1993 на Советот на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување Стратешко партнерство меѓу странките. Судот одлучи да ја отфрли за оценување на уставноста на указот со кој е прогласен овој закон и да ја отвфрли иницијативата за оценување на законитоста на претходните два акти и нивната усогласеност со член три од Законот за склучување и ратификација на меѓународни договори и виенаската конвенција за договорно право, изјави Кацарска.
Таа додаде дека со тоа законот е во согласност со Уставот и појасни дека за носење на оваа одлука била направена сеопфатна поготвителна постапка и анализа.
Со инцијативата за преиспиување на уставноста на овие закони се тврди дека Указот за прогласување на Законот за ратификација на конечната спогодба не е потпишан од претседателот на Република Македонија, што го прави тој акт спротивен со членот 51 од Уставот.
-Указот не содржи правни норми и тој е дел од процедурата и кога Уставниот суд укинува или поништува закон Указот не се укинува посебно , изјави Кацарска.
Таа објасни дека во расправата за оваа инцијатива поголем дел од дискусијата се водеше за непотпишување на Указот од страна на претседателот на Републиката поред неговата должност.
-Во духот на Уставот волјата на пратенците се персонифицира во духот со волјата на граѓаните напсроти само на еден човек. Бидејќи системот на владеење на влсаста во нашата држава е парла,ментарна демократија, а не монархија суверенитетот произлегува од граѓаните и им проипаѓа на граѓаните и Уставот и законите важат подеднаково за сите па дури и за претседателот на Републиката, изјави Кацарска.