
Не се поведува постапка за оценување на уставност и законитост на Одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров, Скопје од 17.02.2024 година, информира попладнево Уставниот суд.
Судот не ги прифати наводите на подносителката на иницијативата Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје од причина што не најде повреда на законитоста и уставноста на постапката за донесување на оспорената Одлука за ДУП.
Не се докажа дека со Одлуката е направена повреда на Статутот на Општина Ѓорче Петров, на Законот за локална самоуправа, на Законот за Град Скопје, на Законот за просторно и урбанистичко планирање, како и на членот 52 од Уставот, додаваат од таму.