Уставниот суд на Косово го критикуваше Курти поради изјава

Уставниот суд на Косово го критикуваше вршителот на должноста премиер и претседател на Движењето Самоопределување (ПС) Албин Курти за неговата изјава дека судот е „политичка сенка на опозицијата против Самоопределување“.

Судот апелираше до сите да ја почитуваат неговата независност, да се воздржат од изјави што го загрозуваат интегритетот на судиите и нивното независно донесување одлуки и да придонесат за зајакнување на уставниот поредок.

„Секоја изјава што се обидува да ги релативизира или прејудицира одлуките на Уставниот суд не е само неодговорна, туку и штетна за демократскиот развој на земјата“, се вели во соопштението.

Се наведува дека одлуките на Уставниот суд се засноваат исклучиво на Уставот на Косово.