Успешен старт на Ѓоковиќ на Ролан Гарос

На гранслем турнирот Ролан Гарос српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше успешен старт. Во три сета го совлада Александар Ковачевиќ од САД, а проблеми имаше во третиот сет кој го доби во тај-брејк. Првиот го доби со 6:3 во гемови, во вториот му дозволи само два гема на ривалот, а во третиот и загуби двапати сервис, за на крај да комплетира со 7:6 во гемови, на поени 7:1.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против Мартон Фучовиќ кој со 3:1 во сетови беше подобар од Хуго Грение.