Условни казни за седум учесници кои признаа вина за инцидентите на протестите против францускиот предлог

Седум од осум обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог, денеска признаа вина пред Кривичниот суд. На седуммината кои признаа вина, Судот им изрече условни двегодишни затворски казни, доколку во следните четири години сторат кривично дело.

Обвинетите се на возраст од 18 до 36 години, од кои тројца се средношколци и имаат по 18 години, а еден 19 години. Тие беа обвиенети за учество во толпа и дека фрлале бекатони и камења кон собраниската зграда и полицајците во кордоните. Обвинетите се товарат и дека повредиле полицајци. За обвинетиот кој не призна вина, Судот ја издвои постапката и случајот ќе продолжи.

Собранието пријавило штета од околу 9 500 евра, што ќе треба да ја платат осудените.