Условна казна за гинекологот Асани кој на родилката Веапоска и извади три органи

Условна казна доби гинекологот Мухамед Асани, кој во нелегална ординација во неговата куќа во Струга давал здравствени услуги. Меѓу пациентките беше и родилката Јилдиз Веапоска, која подоцна остана без органи, доби условна казна.

Основниот суд во Струга го осуди со првостепена одлука откако против него претходно беше поднесен Обвинителен предлог за Тешки дела против здравјето на луѓето.

Според пресудата гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години.

Веапоска била пациентка на Асани, на која и ја водел бременоста. Ја примил во струшката болница на денот на породувањето, по што одлучил да ја породи со царски рез.

За време на процедурата и била оштетена левата бубрежна артерија по што ѝ беа извадени матката, јајникот и еден бубрег.

Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба во рок од 15 дена по приемот на одлуката во писмена форма.