Условна казна затвор од две години за напаѓачот на градоначалничката Арсовска
Условна казна затвор од две години, која нема да се реализира ако не стори друго кривично дело во следните пет години, му изрече Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини, врз основа на признание на вина, за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во јуни годинава во Чаир.

Бранителот на Реџеп Нуредини, адвокат Насер Рауфи, во изјава за медиумите по денешното рочиште, рече дека обвинетиот со признанието на вина придонел за ефикасност на постапката и дека во случајот е определен и заштитен надзор, со пробациските мерки.
-Обвинетиот Реџеп Нуредини денеска на главна расправа покажа искрено каење за стореното, за неговото грубо однесување спрема оштетената. Меѓутоа, и самата градоначалничка покажа доблест да му прости за стореното на обвинетиот, дури и не се приклучи кон кривичниот прогон, ниту пак најави имотно правно побарување. Што помогна за изречената максимална алтернативна казна во случајот. Во случајот постојат навистина олеснителни околности, не само извинувањето, каењето за стореното од страна на обвинетиот, меѓутоа и ветувањето дека ќе се чува од такви испади во иднина. Очигледен беше неговиот придонес за ефикасно завршување на оваа кривична постапка – изјави Рауфи.