Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во посета на Киев.

Таа „твитна“ дека ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот Денис Шмигал.

Вчера, во своето обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур, фон дер Лајен рече дека „Путин нема да успее“ и дека „Европа ќе победи“ и дека ЕУ ќе остане на курсот со санкциите против Русија.

– Санкциите се тука да останат – рече таа.