
Управен суд: ДКСК мора да го даде на увид на БИРН сертификатот на Бојан Христовски
„Призма“ пишува дека оваа упорна правна битка на БИРН со Антикорупциската комисија траеше додека скопскиот обвинител Владимир Милошевски, истражуваше дали сертификатот на Христовски е фалсификат. Минатата недела тој ги отфрли двете кривични пријави и го затвори случајот без да утврди дали сертификатот бил фалсификуван.
Управниот суд ја отфрли тужбата на Антикорупциската комисија, против Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, затоа што оваа институција му наложи на ДКСК да му даде увид на БИРН во документите за директорот на АНБ, Бојан Христовски, објави „Призма“.
Со оваа одлука, останува да важи решението на Агенцијата за слободен пристап, според, кое, ДКСК, на БИРН треба да му овозможи увид во овие документи.
„Призма“ пишува дека оваа упорна правна битка на БИРН со Антикорупциската комисија траеше додека скопскиот обвинител Владимир Милошевски, истражуваше дали сертификатот на Христовски е фалсификат. Минатата недела тој ги отфрли двете кривични пријави и го затвори случајот без да утврди дали сертификатот бил фалсификуван.
БИРН поднесе две барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до ДКСК со кои побара и увид и копија од сертификатот за познавање странски јазик за директорот на АНБ и уверението за положени испити.
По барањето на БИРН од јануари, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, во април ѝ наложи на ДКСК да ни даде увид и копија од документите.
Одговорот на ДКСК беше тужба против Агенцијата пред Управниот суд, затоа што оваа институција им наредила да ни дозволи увид до документите.
Објаснувањето на ДКСК, поради кое со месеци не дозволуваше увид во документите на директорот на АНБ, беше дека на тој начин ќе ги повредат личните податоци на Христовски, но и поради тоа дека овие списи се „предмет на постапување од страна на надлежното обвинителство“.
На тоа, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап им одговори на антикорупционерите дека Христовски е „именувано лице“, и дека со овие документи во кои БИРН бара увид „се утврдува квалификацијата и стручноста на лицето што извршува јавна функција…“
Во меѓувреме ДКСК поднела уште една тужба, со која БИРН ги бара копиите од овие документи. За неа тече периодот во кој Агенцијата треба да одговори на тужбата од антикорупциската комисија.