УПОЗ бара зголемување на платите во Агенцијата за администрација

Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Синдикалната организација при Агенцијата за администрација бараат зголемување за 30 проценти на платите на вработените во Секторот за селекција на кандидати за вработување во Агенцијата за администрација, а во спротивно најавуваат прекин на работниот процес.

Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Синдикалната организација при Агенцијата за администрација бараат зголемување за 30 проценти на платите на вработените во Секторот за селекција на кандидати за вработување во Агенцијата за администрација, а во спротивно најавуваат прекин на работниот процес. Осумдесет проценти од вработените во Агенцијата за администрација, соопштија денеска синдикатите, имаат пониска плата од просечната плата на државата.

Синдикатите во сооопштение изразуваат загриженост за состојбата во која се наоѓаат вработените во Секторот за селекција на кандидати за вработување, за кои истакнуваат дека секојдневно со години наназад се соочуваат со притисоци (институционални, административни, политички, јавни и психолошки).

-Токму овие вработени ги спроведуваат постапките за вработување во јавниот сектор. Одговорноста при извршувањето на работните задачи во услови на притисоци и кратки рокови која ја имаат овие вработени е огромна, особено имајќи го предвид фактот дека заклучно со 09.07.2025 година, бројот на објавени огласи за вработување на административни службеници изнесува 730, а голем број од овие јавни огласи се објавени за повеќе работни места, односно извршители. Ова е највисока бројка на објавени огласи за вработување од кога постои Агенцијата за администрација, видно од годишните извештаи за работа на Агенцијата за администрација, објавени на нејзината веб страница. Со години наназад пред распишување на сите досегашни избори, а и оваа година, за да се завршат огласите пред да се распишат локалните избори, вработените од Секторот за селекција во Агенцијата за администрација работат под исклучително голем притисок кој произлегува од спроведувањето на постапките во многу кратки рокови, што директно влијае на нивното ментално и физичко здравје како и попречување на нивното нормално функционирање надвор од работното време, се вели во соопштението.

Поразителен е фактот, стои во информацијата, дека скоро 80 проценти од вработените во Агенцијата за администрација имаат пониска плата од просечната плата на државата, како и фактот дека одливот на вработени се зголемува секоја година, а за разлика од другите институции, во Агенцијата за администрација не се одобруваат средства за унапредувања и нови вработувања, а вработените во Агенцијата за администрација се потценети и преоптоварени, исцрпени, со преголем обем на работа.

– Доколку најитно не се преземат понатамошни чекори за решавање на долгогодишните проблеми со кои се соочуваат вработените во Секторот за селекција на кандидати за вработување во Агенцијата за администрација од страна на надлежните институции, ќе се пристапи кон прекин на работниот процес во знак на протест заради немање на слух за решавање на нивниот долгогодишен проблем, односно зголемување на платите на овие вработени за најмалку проценти, соопшти Синдикатот на УПОЗ.