
Синоќа во 23 и 45 часот додека траеше емисијата „Тешки Муабети“ се случи голем инцидент во студиото на Инфомакс каде непознато лице упадна во студиото среде подкаст.
Од Инфомакс велат дека „лицето најпрво почна да навредува, да се заканува по живот за потоа да ја скрши вратата од дворот која е со шифра, а потоа да ја скрши и влезната врата од студиотo каде се обиде физички да се пресмета со присутните.
-Нападот е снимен од надзорните камери како и со уште една камера.
-Повиците за насилство од претставници и симпатизери на власта резултираа со најголемиот инцидент во медиум во историјата на независна Македонија, физички напад во живо додека трае програма.
-Очекуваме сите надлежни институции да ја водат постапката до крај, но очекуваме и сите колеги новинари и медиумски здруженија да се солидаризираат затоа што медиумите се основа на едно демократско општество.
-Им благодариме на илјадниците луѓе кои што излегоа со поддршка за Инфомакс, слободната мисла и правото на слобода на говор.
-Што и да се случи Инфомакс ќе продолжи со работа со најбрзи информации и без цензура!“, велат од Инфомакс.