Уништен мурал на Ѓоковиќ во Косово

Муралот на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во Ораховац, Косово, бил уништен ноќеска додека до него вандалите напишале УЧК (акроним за Ослободителната војска на Косово).

Муралот е насликан како дел од проектот „Боја во воздухот“ на организацијата Амичи Ди Дечани во соработка со уметникот Милан Милосављевиќ – Дерокс, кој имал задача да слика мурали во делови на Косово населени со Срби.

Муралот на Ѓоковиќ, кој беше насликан на српска куќа спроти црквата во Ораховац, исто така беше уништен во февруари оваа година кога беше обоен со бела боја.

По неговата победа на првиот круг на Ролан Гарос во понеделникот, Ѓоковиќ напиша „Косово е срцето на Србија – Стоп за насилството“, на објективот на камерата, на српски јазик.