Претседателот на Украина – Володимир Зеленски изјави дека целата клучна инфраструктура во градот Северодоњецк, во областа Луганск е уништена во руското гранатирање. Тој тврди дека заземањето на градот е „главна цел“ на Русија.
„Како резултат на руските напади на Северодоњецк, уништена е целата клучна инфраструктура на градот“ вели Зеленски.
Според западните медиуми, тоа е најголемиот град кој се уште е под контрола на Киев во областа Луганск.
Лидерот, пак, на руската република Чеченија – Рамзан Кадиров, вчера изјави дека руските сили и силите на самопрогласената „Народна Република Луганск“ (ЛНР) презеле целосна контрола над Северодоњецк.