Уневска со нова книга, со филмски рецензии – „Дух во школка“
Новата книга на новинарката и филмска критичарка, Сунчица Уневска, во издание „Аквариус“ носи наслов „Дух во школка“ и е дело со филмски рецензии.
За Уневска ова е четврта книга, која според концептот се надоврзува на нејзиното прво дело – „Седмиот печат“.
Втора нејзина книга е „Македонска сага“, а во неа се содржани рецензиите за сите македонски играни филмови продуцирани од осамостојувањето до 2019 година.
Третата книга на Уневска донесе интервјуа со некои од најголемите филмски автори на денешнината.
Промоцијата на книгата е планирана напролет.