Унгарскиот опозициски лидер Петер Маѓар вети деблокирање на ЕУ-фондовите ако победи на изборите

Во дел од анкетите, „Тиса“ веќе води пред владејачката „Фидес“ на Орбан. Маѓар изјави дека само повторното активирање на ЕУ-средствата може да го зголеми економскиот раст за најмалку 1 отсто и да донесе дополнителни 800 милијарди форинти (2,22 милијарди долари) во буџетот.

Опозицискиот лидер на Унгарија, Петер Маѓар, вети дека ќе деблокира милијарди евра од фондовите на ЕУ доколку неговата партија „Тиса“ победи на парламентарните избори наредната година.

Маѓар исто така најави одржување референдум за членството на Украина во ЕУ, нагласувајќи дека тоа прашање го дели унгарското општество.

Минатата недела агенцијата „Стандард и Пурс“ ја намали перспективата на кредитниот рејтинг на Унгарија од стабилна на негативна поради фискални ризици, трговски тензии и скапо задолжување.

Премиерот Виктор Орбан, кој е на власт од 2010 година, има конфликти со Брисел околу владеењето на правото, што резултираше со суспензија на ЕУ-финансирање – удар за унгарската економија која се бори со инфлација.

Во дел од анкетите, „Тиса“ веќе води пред владејачката „Фидес“ на Орбан. Маѓар изјави дека само повторното активирање на ЕУ-средствата може да го зголеми економскиот раст за најмалку 1 отсто и да донесе дополнителни 800 милијарди форинти (2,22 милијарди долари) во буџетот.

Маѓар ветува обновување на довербата кон Унгарија како сојузник на НАТО и ЕУ, и транспарентно водење на економијата. Тој смета дека референдумот за Украина е неопходен штом бидат познати конкретните услови за нејзиното приклучување кон Унијата.

Орбан останува остар противник на воената помош за Украина и смета дека нејзиното членство ќе наштети на унгарските фармери и економијата.