
Унгарија контра ЕУ: Нема да прифатиме ниту еден мигрант
Унгарија нема да го спроведе договорениот механизам за солидарност во Европската Унија и нема да прифати „ниту еден мигрант“, изјави денеска висок владин претставник, објавија унгарските медиуми.
Унгарија нема да го спроведе договорениот механизам за солидарност во Европската Унија и нема да прифати „ниту еден мигрант“, изјави денеска висок владин претставник, објавија унгарските медиуми.
Гергели Гуљас, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, ги даде овие забелешки на прес-конференција во Будимпешта, повторувајќи го долгогодишното противење на десничарската влада на миграциската политика на Европската Унија.
Министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ постигнаа договор во понеделникот за таканаречен механизам за солидарност што вклучува систем за распределба на мигранти меѓу земјите-членки на ЕУ. Планот предвидува земјите што не сакаат да примаат бегалци да можат наместо тоа да обезбедат финансиски придонеси или материјална поддршка. Пактот треба да стапи на сила во јуни 2026 година