„Унгарија е тројанскиот коњ на Европската унија“

Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, по изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека ќе се бори за укинување на санкциите против Русија, најави и му испрати остра порака на унгарскиот лидер.

Подољак рече дека „Унгарија е тројанскиот коњ на Европската унија“.

„Орбан вели дека ќе се бори за укинување на санкциите против Русија. Ајде да ја наречеме лопата лопата. Унгарија е тројански коњ и бара колапс на ЕУ на сметка на европските даночни обврзници. Орбан ја мрази Украина и сонува за „руски свет“ во Европа. Дали ЕУ треба да финансира такви субверзии“ – праша Подољак.