„Умот ми вели во втор круг ќе се повтори дуелот Пендаровски – Давкова, иако емотивно ја сакам мојата колешка Ванковска“

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вечерва на ТВ21 на прашањето дали очекува реприза на 2019-та година кога во вториот круг беа со актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој воедно е и кандидат за претседател, вели дека „умот и вели дека ќе се случи тоа, иако емотивно повеќе ја сака нејзината колешка и пријателка, кандидатката на Левица, Билјана Ванковска“.

„Мислам дека во право сте, дека ќе се повтори политичката приказна“, порача Силјановска Давкова.