Умеров испрашан како сведок во корупцискиот скандал во енергетскиот сектор на Украина

Украинското Национално биро за борба против корупцијата (НАБУ) го покани Умеров да сведочи како дел од истрагата против Тимур Миндич, осомничениот водач на корупциската мрежа осомничена за проневера на 100 милиони долари во енергетскиот сектор, јавија британските медиуми.

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, клучна фигура во мировните преговори за завршување на војната, бил испрашан како сведок во истрагата за најголемиот корупциски скандал од почетокот на војната со Русија, што доведе до оставка на двајца министри.

Украинското Национално биро за борба против корупцијата (НАБУ) го покани Умеров да сведочи како дел од истрагата против Тимур Миндич, осомничениот водач на корупциската мрежа осомничена за проневера на 100 милиони долари во енергетскиот сектор, јавија британските медиуми.

НАБУ не соопшти кога Умеров бил испрашуван.

Умеров ја предводеше делегацијата на Украина на мировните преговори со руски претставници во Турција оваа пролет, како и во Женева претходно неделава, кога се договараше европскиот одговор на мировниот план на Вашингтон со американските претставници.

На 10 ноември, НАБУ и САП ги објавија резултатите од истрагата за корупција во енергетскиот сектор, која беше наречена „Мидас“. Беа документирани активностите на високо рангирана криминална организација, чии учесници изградија голема корупциска шема со цел да влијаат врз стратешките претпријатија од државниот сектор, особено врз „Енергоатом“.

Според истрагата, неколку украински функционери биле вклучени во систематско перење пари и нелегално богатење, а раководител на шемата бил бизнисменот Тимур Миндич, поранешен деловен партнер на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Министерката за енергетика, Светлана Гринчук, и министерот за правда Херман Галушченко, поднесоа оставки откако нивните имиња се појавија во истрагата.