Улични кучиња – најголем проблем: Нови случаи на искасани од кучиња скитници

Грѓаните постојано се жалат за проблемот со уличните кучиња. Особено за овој проблем се жалат скопјаните кои често се мета на кучињата скитници. И во претходното деноноќие ова претставуваше пробле

На 01.12.2023 во 01.10 часот во Полициската станица Кичево, А.Ф.(46) од Кичево пријавил дека на ул.„Ужичка“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 30.11.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Чаир, Г.М.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Радишанска“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 30.11.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Драчево, Ј.Б.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.