
Улицата Самуилова ќе биде затворена за сообраќај од денес во 18:00 часот, на потегот од улицата Самуилова до крстосницата со улицата Прохор Пчињски.
На 4 февруари на самиот ден на одбележувањето, ќе има посебен сообраќаен режим на улицата Лазар Личеновски и улица Самуилова.
Граѓаните, како што вели Спасовски, воопшто не треба да се грижат дека ќе бидат преземени сите мерки за достоинствено чествување, без никакво нарушување на јавниот ред и мир.
„Оваа држава има свои институции коишто се задолжени за зачувување на јавниот ред и мир. На основа на проценките, ќе биде активиран план кој ќе придонесе за мирно чествување. Присуството на полицијата треба да биде на наше задоволство, дека ќе се осигури мирно и достоинствено чествување, а не да се вознемируваме дека има присуство на полицајци. Тие се тие коишто нѐ штитат и ни создаваат атмосфера во којашто сите ние безбедно живееме и работиме“, нагласи министерот Спасовски
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.