Украинците собориле руски ловец-бомбардер Су-34 во Запорошкиот регион

Украинските воздухопловни сили, на Телеграм, соопштија дека го собориле рускиот авион околу 4 часот утринава, додека авионот Су-34 „вршел терористички напад врз градот Запорожје и исфрлал водени бомби“.

Украина денеска соопшти дека соборила руски ловец Су-34 во регионот Запорожје, јави ДПА.

Украинските воздухопловни сили, на Телеграм, соопштија дека го собориле рускиот авион околу 4 часот утринава, додека авионот Су-34 „вршел терористички напад врз градот Запорожје и исфрлал водени бомби“.

Овие тврдења сè уште не се независно потврдени, наведува германската агенција.

Авионот Су-34, суперсоничен тактички ловец-бомбардер, е развиен за време на советската ера, но се произведува сериски само од 2006 година. До денес, произведени се приближно 150 единици, потсетува ДПА.

Употребата на лизгачки бомби е една од најважните тактички алатки што ги користат руските сили против украинските одбранбени линии. Сепак, овие бомби често се користат и против градови во задните области во близина на фронтот.

Бомбите можат да се исфрлаат од неколку километри оддалеченост, што ги прави авионите во голема мера недостапни за воздушна одбрана. Запорожје на југот на Украина и Харков на североисток се градови кои силно страдаа од нападите на вакви лизгачки бомби за време на руската инвазија, која трае повеќе од три и пол години, јавува ДПА.