Украинците подобри од Македонците во Прага (2:0), загубени се надежите за пласман на ново ЕП

Македонската фудбалска селекција го забележа и третиот пораз во квалификациите за пласман на ЕП, втор од Украина.

Нашиот национален тим денес на неутрален терен во Прага е поразен минимално со 2-0.

Првиот гол на мечот го даде Судаков во 30. минута откако неговиот шут кон голот го закачи Серафимов кој го промени патот на топката и го измами Димитриевски.

Украинците рано, уште во 12. минута се заканија преку Довбик, но денес одличниот наш голман Димитриевски одбрани. Уште подобра шанса имаше Мудрик само четири минути подоцна, но со нова бравува Димитриевски спасува.

По голот на Судаков нашиот национален тим конечно покажа и нешто во нападот, па Миовски и Ашковски имаа две одлични шанси за гол, но украинскиот голман одбрани.

Вториот дел Македонија го отвори со одлична шанса на нововлезениот Чурлинов, но Турбин брани одново. До крајот на мечот Украинците имаа уште неколку шанси, меѓу кои и двапати погодуваа греда.

За да на крајот, во 95. минута Караваев постигна атрактивен гол, односно го матираше истрчаниот Димитриевски.

Следниот меч за Македонија е оној пријателскиот против Ерменија во Струмица кој се игра во вторник.

По овој пораз загубени се шансите на Македонија за пласман на ЕП, особено што имаме уште два меча со противници како Англија и Италија.